Насловна / Вести / Нов извештај на СЗО за смртноста од загадувањето на воздухот

Нов извештај на СЗО за смртноста од загадувањето на воздухот

globalno-zagaduvanje-pm25

Во најновиот извештај на СЗО (Светската Здравствена Организација) направено е рангирање на државите во светот според бројот на смртни случаи предизвикани од загадениот воздух сведено на 100.000 жители. Според овој извештај (табела А2.1 од анексот на извештајот) Македонија е во друштво на земји со високо ниво на смртност (66 на 100.000 жители) за која загадувањето на воздухот е посочено како причина. Со 120 смртни случаи на 100.000 жители Украина е на прво место, а по неа следуваат Бугарија 118/100.000, Белорусија и Русија. Кина е на десетото место со 76 смртни случаи на 100.000 жители, а Индија 27-ма со 49 случаи на смртност на 100.000 жители. Од земјите во регионот, покрај Бугарија, Босна и Херцеговина има исклучително високи 92 смртни случаи на 100.000, па потоа следува Македонија со 66, со што предничи пред Србија, Црна Гора и  Албанија. На последното место на листата е Шведска со само 0,4 смртни случаи на 100.000. Организацијата за прв пат публикува  интерактивни карти, кои  ги претставуваат и квантифицираат податоците на глобално ниво.

globalno-zagaduvanje

И во своите претходни извештаи агенцијата на ООН предупредуваше дека честичките прашина (PM2,5) од автомобилите (особено дизел автомобилите), термоцентралите на јаглен и други извори убиваат три милиони луѓе секоја година. Во ова свое последно истражување, СЗО за првпат ги класифицира државите според степенот на загадување, врз основа на прецизно дефиниран модел и мониторинг.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top