Додека на измените на Директивата за енергетски перформанси на зградите 2010/31/EU се уште се работи, веќе излезе новиот стандард ISO 16745 со кој се дефинира методологијата, пресметката и известувањето за „јаглеродниот отпечаток“ (carbon footprint) на постоечките згради. Индустријата го поздравува овој нов стандард, бидејќи ќе овозможи стандардизација на мерењата, а би можел да послужи и како водич за имплементација на национални стандарди во оваа област. Еден од начините за подобрување на енергетската ефикасност секако е искористувањето на огромниот потенцијал за зголемување на енергетската ефикасност во секторот станбени згради, најголемиот поединечен потрошувач на енергија во Европа (40% од вкупната потрошувачка).