Сместен на аголот на авенијата Felix Faure и улицата Tisserand во Париз, во развојната зона Boucicaut карактеристична по ортогоналната организација и архитектонските белези на барон Осман, овој објект го акцентира индустрискиот израз на дистриктот. Окупирајќи типичен париски уличен агол, “Patronage Laique” го маркира опкружувањето со својата луминесцентна фасадна обвивка.
Новиот објект “Patronage Laique” со мешана намена на јавни и приватени простори, е конципиран од два сегменти, пропусливо јавно јадро кое се наоѓа во директна врска со екстериерот и населбата, како и од дополнително приватно станбено јадро кое е функционално независно, но сепак целосно интегрирано во волуметрискиот и архитектонскиот контекст. “Patronage Laique” дефинира нов концепт на повеќефункционален објект, отворен и достапен за жителите на населбата со помош на креираните пермеабилни простори. При конципирањето на дизајнот особено внимание е посветено на полујавните контактни простори, читалните и собите за настани, така што сите се артикулирани околу мултифункционално фоаје. Четвртото и последно ниво е организирано со станбени единици, 30 студија предвидени за млади креативци.
Холистичниот пристап на двете архитектонски студија MAB и LAPS ја потенцира релацијата помеѓу градот и јавниот простор, позиционирајќи го акцентот на јавниот карактер со цел да се создаде нов, современ и препознатлив белег за развојната индустриска зона.