Во Амстердам неодамна е отворен хотелот De Hallen, кој е создаден со адаптација на зградата на некогашна гаража за потребите на компанијата за градски превоз. Објектот датира од 1902 година и е ставен под заштита, меѓутоа новите сопственици добиле дозвола потполно да го преуредат во склад со новата деловна идеја, но само под еден услов – задржување на старата фасада. Архитектот Andre van Stigt ги задржал конструктивните елементи и во ентериерот, со цел на посетителите да им се долови минатото на овој објект.
Онаму каде некогаш преноќувале трамваите сега спијат хотелските гости во внимателно осмислен ентериер. Хотелот располага со 2.700 метри квадратни, а покрај 55-те соби има библиотека, продавници и киносала.
Dobra ideja za Skopskite garazi po nekolku godini neiskoristenos.