Насловна / Архитектура / Нов хотел на Кенго Кума лебди над традиционален театар

Нов хотел на Кенго Кума лебди над традиционален театар

Театарот во Осака, Јапонија, ремек-дело на јапонскиот архитект Того Мурано од 1958. година, познат по своите карактеристични карахафу – јапонски тимпанони, добил надградба. Имено, хотелот Royal Classic чиј проект го потпишува прославениот архитект Кенго Кума, направен е така што се надвиснува над постојната зграда.

1

Заедно со ревитализацијата на театарот, направена е нова структура која и оддава почит на познатата зграда од средината на минатиот век на начин на кој не и се спротивставува, туку изгледа како да лебди над нејзе.

Примарната цел на проектот била да се поврзе блокот со четвртта Namba, една од главните културни центри во градот, па така новиот објект е поврзан со голем премин со околните улици во задната зона на блокот, пишува Designboom. Архитектите од ККАА оддале почит и го сочувале оригиналниот изглед на театарот, додека новиот објект надвиснува над постоечката зграда, оставајќи и доволно протор да дише.

2

Префабрикувани бетонски и алуминиумски панели коритени се за обновувањето на објектот на Того Мурано, додека фасадата на новиот објект е обвиткана со алуминиумски ребра.

Архитектите преку проектот за хотелот го сочувале деликатниот стил, тесно поврзан со јапонски елементи на дизајнот карактеристичен за средината на минатиот век.

3

5

4

6

Испрати коментар

Scroll To Top