На ѕид во дел од францускиот град Кале, се појави дело на современиот уметник Банкси, коешто ја преиспитува бегалската криза и ситуацијата во светот воопшто.
Стив Џобс, кој носи на рамо голема вреќа и во раката првиот модел на Apple Macintosh е насликан графит во Кале којшто предизвика бура од реакции. На овој начин, уметникот Банкси сака да се привлече внимание на ситуацијата во општеството, како и фактот дека покојниот основач на Apple е, всушност, син на сириски мигранти кои по Втората светска војна дошле во Америка.
Како што изјави Банкси во својата порака до светот, најголемата американска компанија работи како успешна само поради фактот што Американците ги прифатиле талентираните млади Сиријци. Така бил создаден и забавниот парк Dismaland – како ода на капиталистичкото општество. Забавниот парк по неколку месеци бил урнат, а Банкси на неговите остатоци подигнал привремено засолниште за бегалците.