Благодарение на регионалниот конкурс „Нова спомени / New Memories“, кој го распишале компанијата „Металац“, организацијата „Миксер“ и Балканската дизајн мрежа, младите креативни сили во регионот добиле можност да ја покажат својата современа визија на култните модели на садови „Металац“.
На конкурсот пристигнале вкупно 235 дизајнерски дела од целиот регион, кои, преку нивната визија внесоа нов живот на легендарните „Металац“ модели на садови, тенџериња, чаши, какви некогаш речиси сите во регионот ги имале во своите кујнски ормани.
Стручното жири, составено од еминентни регионални експерти во графичкиот и индустрискиот дизајн и комуникација: Славимир Стојановиќ (графички дизајнер, Србија), Ивана Боровњак (индустриски дизајнер, Хрватска), Никола Радељковиќ (индустриски дизајнер, Хрватска), Слободан Јовановиќ Цоба (графички дизајнер, Србија), Јелена Матиќ (индустриски дизајнер, професор на Факултетот за шумарство), како и стручни тимови на „Миксер“ и на „Металац“, избрало победници на три главни награди и четири специјални награди.
Прва награда за колекцијата One Two Three од Нина Чачковиќ (Босна и Херцеговина)
Првата награда отиде во рацете на Нина Чачковиќ од Босна и Херцеговина за колекцијата One Two Three, втората награда припадна на колективот Studiolav од Грција за делото Graphitecture, додека третата награда кај младата дизајнерка Јелена Бошковиќ од Србија за Birdy Нам nam.
Втора награда за Graphitecture од колективот Studiolav – Loukas Angelou и Vasso Asfi (Грција)
Трета награда за Birdy Нам nam од Јелена Бошковиќ (Србија)