Насловна / Вести / Нов Центар за контрола на квалитет отворен во „Алкалоид“

Нов Центар за контрола на квалитет отворен во „Алкалоид“

Нов Центар за контрола на квалитет официјално беше пуштен во употреба во кругот на компанијата „Алкалоид“.
Новиот Центар, во кој беа инвестирани над пет милиони евра, е технолошко-аналитички капацитет, кој се простира на површина од 3.000 метри квадратни и во него се врши контрола на суровините, контактна и секундарна амбалажа, контрола на фазното производство и готовите производи, микробиолошка контрола и стабилност на фармацевтски производи, валидациони активности и мониторинг и изработка на аналитичка документација за регистрационите активности за фармацевтските производи.alkaloid

Во Центарот се опремени лаборатории за влезни материјали, за фармацевтски производи, сектор за аналитички развој, сектор за стабилност на комерцијални серии, микробиологија и оддел за приготвување на документација за тековно работење.

Центарот има две простории за чување мостри од стабилност, две простории за чување на резервни мостри и придружни административни простории.

„Новит Центар ја потврдува стратешката определба на компанијата за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и ефикасни лекови изработени во согласност со најстрогите светски стандарди“, истакна генералниот директор на „Алкалоид“ и претседател на УО Живко Мукаетов.

Тој најави дека во Центарот за контрола на квалитет ќе работат над 100 високо стручни извршители.

Испрати коментар

Scroll To Top