Утре (28 октомври), ќе започне со работа центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, организација која е основач на најголемиот дизајн настан во Македонија, Skopje Design Week.
Станува збор за еден нов, современ простор на улица „50 Дивизија, 22“, кој според желбите на организаторите, ќе биде лулка на креативните индустрии во земјата.