Истражувачи од Универзитетот Принстон, развиле нов цементен композит инспириран од седефот, внатрешната сјајна облога на школките. Овој композит е 19 пати пофлексибилен и 17 пати поотпорен од обичниот цемент, што го прави многу подобар избор за градежни материјали.
Седефот, природен материјал кој се наоѓа во школките, е познат по својата цврстина и отпорност. Се состои од слоеви на арагонит – тврд материјал, споени со мек хипереластичен биополимер. Иако арагонитните слоеви се многу крти, биополимерот им овозможува поместување при напрегање, односно отпорност на кршење. Тимот од Принстон ја користел оваа природна архитектура како инспирација за креирање на супериорен цементен композит, при што се постигнати механички својства слични на седефот. Импресивните резултати во однос на флексибилноста и отпорноста се постигнати во лабораториски услови, но тимот планира и тестирање во реални услови. За ова истражување објавен е труд во списанието Advanced Functional Materials.