Хотелот Amelot dе Bisseuil во Париз е заштитен како дел од националното наследство, па затоа и модниот бренд „Шанел“ одлучил да стане дел од таквата традиција. Просторот е оставен недопрен, а голите ѕидови се обложени само со стакло, со што од „Шанел“ сакале да нагласат колку е важно да се зачува гордоста и историјата на тоа место. Подот е покриен со смола која наликува на рѓосан челик кој е, всушност, увид во реновирањето кое се одвива на ѕидовите на објектот во внатрешниот двор.
Со такво минималистичко опкружување, облеката совршено доаѓа до израз. Внатре во двете простории, кои заедно покриваат 164 м2, сместена е pret-а-porter колекција на „Шанел“, како и нивните чевли.
Автентичноста на просторот зачувана во текот на годините силно влијае на набљудувачите. Како прошетка низ историјата, вонвременските парчиња на „Шанел“ потсетуваат на наследството на Коко Шанел, а истовремено се мошне модерни и преносливи на помладите генерации.
Хотелот Amelot dе Bisseuil е еден од најприкладните места за истакнување на облеката на легендарната модна куќа.