Насловна / Ентериери / Нов бутик на „Сен Лоран“ во Милано

Нов бутик на „Сен Лоран“ во Милано

hedimilano2

Во Милано, неодамна е отворен бутик на модната империја „Сен Лоран“, а нејзиниот креативен директор Хеди Слиман го разработил дизајнот на ентериерот.

Новиот простор е уреден во еден рафиниран геометризиран стил, кој е заеднички за сите бутици на „Сен Лоран“. Белиот мермер прошаран со црни линии, бројни огледални столбови кои ги опкружуваат скалите во средината на продавницата, огромни огледала на ѕидовите – сето тоа придонесува за необична игра на рефлексии во просторот.

hedimilano3

Хеди Слиман избрал студена палета на бои – црна, сива, бела и сребрена. Дизајнот на миланскиот бутик го следи ентериерот на оној од Лондон, кој креативниот директор на „Сен Лоран“ го опиша како „современ арт деко“, а инспирацијата е архитектонска верзија на класичниот смокинг на модната куќа.hedimilano6 hedimilano5 hedimilano4 hedimilano1

Испрати коментар

Scroll To Top