„Електростопанството на Црна Гора“ (ЕПЦГ) и чешката компанија „Шкода Праха“ потпишаа договор за изградба на втор блок на термоелектраната во Плевља, чија вредност е 324,5 милиони евра. Новиот блок треба да биде изграден во рок од три години. Со изградбата на овој електроенергетски објект, прв голем по 35 години, Црна Гора ќе стане енергетски независна земја, соопшти ЕПЦГ.