Насловна / Вести / Нов бетон од озрачена пластика

Нов бетон од озрачена пластика

beton-plastika-ozracena

Бетонот му дава облик на современиот свет. освен водата, тој е најкористениот материјал на планетата, па затоа воопшто не изненадуваат постојаните напори бетонот да се направи посигурен, поотпорен и еколошки поприфатлив. Тим студенти од MIT откриле интересна техника која користи озрачени пластични шишиња за добивање на нов вид бетон, и до 20% појак од стандардниот.

Првично студентите ги истражувале начините на намалување на емисиите на јаглерод диоксид во цементаната индустрија која сочинува 4,5 % од емисијата на јаглерод диоксид во светот. Исто така, тие се обидувале да рециклираат пластика и да ја употребат во производството на бетон. Но, долгите истражувања на оваа тема биле без успех бидејќи со додавањето на пластика се намалувале механичките својства на бетонот.  Решението се нашло во гама зрачењето. Утврдено е дека озрачената пластика го прави бетонот појак.

Се работи за мали количини на ситнета пластика (1,5%) во вкупната бетонска маса, но сепак се работи за големо  намалување на емисијата на јаглерод диоксид, и тоа само со еден потег.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top