Насловна / Вести / Нов банкрот во Германија: Производител на автомобили престанува со работа

Нов банкрот во Германија: Производител на автомобили престанува со работа

Германскиот производител на автомобили Sono Motors дефинитивно е пред банкрот, додека откази добиваат и последните вработени.

Компанијата со седиште во Минхен уште во мај поднесе барање за стечај, но оттогаш не можат да најдат инвеститор, а им остануваат само уште неколку дена на тој начин да избегнат банкрот.

s1

Но, бидејќи има мали шанси за такво нешто, веројатно е дека договорите со преостанатите вработени ќе бидат раскинати. Според германските медиуми, отказите најверојатно ќе стапат на сила на почетокот на 2024 година.

Компанијата првично беше специјализирана за производство на електрични автомобили кои сами се полнат преку вградени соларни ќелии. Со оваа иновативна технологија, моделот на возило „sono sion“ требаше да се истакне како лидер во поглед на климатските промени на автомобилскиот пазар.

б0

Sono Motors прими околу 44.000 преднарачки за планираниот автомобил. Новиот автомобил требаше да се појави на пазарот следната година по набавна цена од 30.000 евра. Интересот за соларниот автомобил беше голем, а некои клиенти веќе плаќаа целосна или дел од цената за автомобилот пред моделот да биде официјално достапен.

Многумина моментално залудно го чекаат ветениот автомобил и сега поради банкротот мораат да се грижат дали ќе си ги вратат парите.

Испрати коментар

Scroll To Top