Насловна / Вести / Нов архитектонски лик за плоштадот „Св.Климент Охридски“

Нов архитектонски лик за плоштадот „Св.Климент Охридски“

ohrid

Покрај Јавниот конкурс за ново идејно архитектонско решение за уредување на малиот плоштад ,,Крушевска Република”, општина Охрид деновиве објави конкурс и за ново идејно архитектонско  решение  за  партерно  и  хортикултурно  уредување  на главниот плоштад ,,Св.Климент Охридски”, пишува OhridNews.

-Основно обележје на секој туристички град е одвивање на животот на Главниот плоштад, кој потоа се шири низ Чаршијата и понатака кон Кејот кој е на некој начин идентитет на градот Охрид и охриѓани. Хортикултурното и партерното уредување на самиот простор ќе придонесе за создавање на плоштад со градско амбиентален стил кој ќе овозможи граѓаните и туристите да уживаат во прошетката, пишува во Јавниот конкурс.

Според него потребата за уредување на овој јавен градски простор е показател за степенот на развој на урбаната култура на локалното население.

-Предметниот простор кој е оплеменет со културно историски споменици, зеленило, декоративни садници, цветен сезонски материјал и нуди убави места за одмор, прошетки, место организација на културни, забавни манифестации, во моментов е привлечен но истовремено му недостасуваат квалитетни  содржини, за создавање на модерно урбано  катче и понуда која во текот на целата година ќе ги првлекува домашните и странски посетители. Целата на овој конкурс е изработка на идејно архитектонско решение со кое ќе се добие едно усогласено, интегрално партерно решение на градски плоштад, се образложува во јавниот конкурс.

Во него се нагласува дека локацијата која е предмет на разработка е со исклучителна важност од неколку аспекти. ohrid (2)

-Приоритетно заради нејзината позиција, намената и отвореноста за целата популација како за градот така и за населените места. Треба да претставува простор кој ќе биде лесно пристапен за сите во периодот кога деловните, комерцијалните и угостителски  објекти ги опслужуваат граѓаните и место кое во попладневните и вечерните часови ќе се користи за дружење, одмор или  собирање за некоја пригода и друго, стои во условите на конкурсот.

Право на учество на овој конкурс имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти по архитектура. Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд. Конкурсот завршува со избор на најдобро конкурсно идејно решение. Оценувањето на трудовите ќе ги врши жири комисија од 3 члена.

Прва награда за најдобро идејно решение е во висина од 80.000 денари, втората награда е во висина од 25.000 денари, а третата награда е во висина од 20.000 денари. Овие награди истовремено ќе претставуваат и откуп на авторските права и обештетување на авторите во целост. Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 22 декември 2014 година.

Испрати коментар

Scroll To Top