На University of Surrey развиен е нов алгоритам кој би можел да им помогне на инженерите при следење на состојбата на мостовите и да предупреди навреме за неопходна и брза санација.
Многу органи на власта и организации користат системи за следење на состојбата на конструкциите. Во рамките на овие системи се наоѓаат многубројни податоци меѓу кои и оние поврзани со сообраќајот кој секојдневно се одвива преку мостот. Тоа доведува до многу висока фрекфенција на потребни примероци, односно записи и сложена база на податоци, а сето тоа чини скапо.
Во трудот кој е објавен во списанието „Measurement”, научниците детално го опишуваат алгритмот кој ги обединува обемните податоци од системите за следење на мостовите, во попрактичен и прилагодлив за користење формат. Притоа истражувачите користеле „K-means Singular Value Decomposition“ (K-SVD) во случајот на мостот Lezíria во Португалија. Тимот го применил својот алгоритам на 45.000 податоци по канал по час од „Bridge Weight-in-Motion system“ – една од најкористените апликации за следење на мостовите.