Унгарската компанија BSD Invest Europe планира во Рожај во Црна Гора да изгради агросоларен парк со инсталирана моќност од 148,3MW, преку својата Локацијата истовремено ќе се користи за одгледување на овци и одредени видови овошје. Концепцијата на агросолар станува се попопуларна за проектите на фотонапонски погони на Западен Балкан, на местата на кои е можно земјоделско производство. Неодамна еден агросоларен потфат е стартуван во Црна Гора, каде во последните месеци се нижат десетици барања за дозволи за соларни електрани.
Планираното годишно производство на електрична енергија од овој агросоларен парк е проценето на 219,9 GWh. Локацијата е во атарот н селото Вуча во општина Рожај, на самата граница со Србија. За соларниот парк е предвидено да биде проектиран на начин кој ќе обезбеди одгледување на овци на истата локација, поточно 2.000 овци, како и малини, аронија и слични култури. Ќе се простира на повшина од 194 хектари, а вредноста на инвестицијата е 200 милиони евра.