Насловна / Вести / Нов 3D принтер со 100 пати поголема брзина од стандардната

Нов 3D принтер со 100 пати поголема брзина од стандардната

Уште од своите почетоци, 3D печатењето го одржува ветувањето за извонредна ефикасност на процесот, но сеуште овој вид на продукција е задржан на ниво на мали производи и производствени обеми, со оглед на ограничувањата во однос на брзината на производство.

Новата техника која е развиена на University of Michigan, засега е на добар пат серизоно да ја подобри оваа технологија, односно да ја направи 100 пати побрза.

3Dfaster2

Начинот на кој функционира 3D печатењето е преку „читање“ на фајлот од 3D моделот и реконструирање на моделот со нанесување на смесата во слоеви, до конечниот облик. Притоа, колку е поголем моделот, процесот бара повеќе време, и таа зависност е експоненцијална. Не може да се каже дека кај производителите не постојат инисијативи за подобрувања во 3D технологијата. За многу апликации, оваа технологија може потполно да ги замени скапите калапи за производство.

За да го забрзаат процесот на печатење, научниците од University of Michigan употребиле техника која драстично се разликува од традиционалните пристапи. Тие употребуваат два ласери за стврднување на смесата во облик кој е идентичен со претходно електронски направениот 3D модел.  Притоа, ласерите овозможуваат контрола врз степенот на стврднување на смесата, што е всушност и најголемиот предизвик во оваа постапка. Претходните вакви обиди завршувале неуспешно поради нерамномерна солидификација смесата.

3Dfaster1

Испрати коментар

Scroll To Top