Насловна / Вести / Норвешките фјордови до 2026 ќе станат зони со нула емисии

Норвешките фјордови до 2026 ќе станат зони со нула емисии

Една од најпоуларните туристички ддестинации во Европа – Норвешките фјордови, настојува драстично да го намали загадувањето, односно јаглеродниот отпечаток. Норвешкиот Парламент неодамна најави дека фјордовите ќе станат зони со нулта емисија до 2026 година. Оваа одлука ќе погоди многу големи бродови, односно крузери кои во своите тури имаат десетици застанувања во овие предели, во текот на една седмица.  Geirangerfjord, еден од најпознатите фјордови во земјатата, дочекува околу 300.000 туристи од модерните крузери во текот на една година. Но, за жал овие води се едни од најзагадените во светот, токму поради експанзијата на туризмот. Во последната деценија состојбата само незначително е подобрена, но проблемот останува сериозен. Во 2006 година, Норвешкиот Институт за Аеронаутика,  открил дела доколу три до пет брода се лоцирани во иста област, нивоата на азотен диоксид достигнуваат 180 микрограми по метар кубен.  Тоа е еквивалент на големите градови како Барселона и Лондон.

Достапни се различни нови технологии за чистење на областите на фјордовите. Во март оваа година, властите во осло најавија дека ќе користат дронови за да ги скенираат водите по однос на полутантите. Исто така, норвешките компании кои оперираат со крузерите, најстојуваат да ја подобрат ефикасноста на својата флота, а веќе сообраќа и првиот норвешки електричен крузер. Но, сеуште нема никакви вест од големите компании, за тоа како тие ќе ја адаптираат својата флота.

fyords

fyords1

Испрати коментар

Scroll To Top