Откако го продаде уделот во азербејџанското гасно поле Шах Дениз, норвешката нафтена и гасна компанија Statoil одлучи да продаде 20% удел во компанијата Trans Adriatic Pipeline, која го развива проектот за Трансјадранскиот гасовод (ТАП), преку кој гасот токму од полето Шах Дениз треба да се доведува во Европа. Купувач на акциите е италијанската компанија Snam. Се очекува трансакцијата да се заклучи до крајот на 2015, јавува рускиот портал ‘Oil and Gas Eurasia’.