Насловна / Вести / Норвешка вложува 2,1 милијарда евра за технологии за зафаќање и складирање на CO2

Норвешка вложува 2,1 милијарда евра за технологии за зафаќање и складирање на CO2

Equinor се здружи со Shell и Total во проектот за пренесување на CO2 во течна состојба низ цевковод под дното на морето, односно за технологија за зафаќање и складирање нa овој гас со ефект на стаклена градина од фабриките за цемент и од постројките за согорување на отпад.  Регулаторите дале зелено светло откако владата во Осло го поддржала проектот со 2,1 милијарда евра. Equinor (поранешен Statoil), заедно со Total  и Royal Dutch Shell работи на терминалот во Ејгарден на западот на земјата и на цевководот со кој јаглерод диоксидот во течна состојба од фабриката за цемент во Бревик и постројката за добивање енергија од отпад во Осло, ќе биде транспортиран од копното и ќе биде складиштен под дното на морето.

ccs2

 

Првата фаза на проектот Northern Lights, со капацитет од 1,5 милиони метрички тони годишно, по план ќе биде пуштена во работа во 2024 година. Вкупниот буџет кој изнесува 2,57 милијарди евра, е предвиден за првите десет години. Компаниите од областа на фосилните горива бараат исплатливи начини да ги намалат трошоците на име дозволи за емитување на стакленички гасови. За тоа време, Европската Унија ги поддржува иновациите, меѓу кои и зелениот водород. Исто така, воведува и финансиски обврски за индустријата на јаглен, нафта и гас и создава простор за повеќе енергија од обновливи извори. Норвешка и други земји се свртуваат кон технологиите на CCS (carbon capture and storage) и во производството на т.н „син“ водород. Тој се добива од природен гас при што се ослободува јаглерод диоксид.  Администрацијата во Брисел сеуште го прифаќа како преодна технологија. „Зелениот“ водород се произведува од вода во постапка на електролиза и обично се напојува со енергија од обновливи извори.

Цената на дозволите за емисии неодамна надмина 30 евра по тон еквивалент на јаглерод диоксид и го достигна највисокото ниво во последните 14 години.  Најниските трошоци за достапните решенија за зафаќање и складирање на јаглерод диоксидот се повеќе од два пати повисоки од таа вредност.

ccs1

ccs3

 

Испрати коментар

Scroll To Top