Насловна / Вести / Норвешка: Веќе од 2022 можно е купување само на електричен автомобил?

Норвешка: Веќе од 2022 можно е купување само на електричен автомобил?

Од почетокот на 2021 година, 19 од 25 најпродавани нови модели во Норвешка се електрични автомобили. Целта на Норвешка е да се забрани продажбата на нови безнзински и дизел автомбили од 2025 година. Можеби се чини нереално, но веќе денес фактите зборуваат во прилог на оваа заложба.  Норвешкиот магазин Motor, тврди дека веќе во следната година, побарувачката на возила со мотори со внатрешно согорување ќе биде толку ниска, што целата понуда на пазарот ќе ја сочинуваат електричните автомобили. Во првите осум месеци од 2021, помалу од 10% од новорегистрираните возила се со бензински или дизел мотори. Најпродаван е Tesla Model 3.  Ваквиот тренд има врска со државните субвенции за купување на е-автомобили.

samoelektricni1

samoelektricni2

 

Испрати коментар

Scroll To Top