Насловна / Вести / Норвешка: Тунел за бродови вреден 325 милиони УСД

Норвешка: Тунел за бродови вреден 325 милиони УСД

Во западниот дел на Норвешка наскоро треба да започне изградбата на тунел за бродови вреден 325 милиони УСД. Се очекува одобрување на финансиските средства за овој значаен проект. Норвешката крајбрежна администрација  (Kystverket) предложила тендерската постапка да се заврши во оваа година, а веќе во наредната да започне изградбата. Планот е овој тунел да биде во функција од 2025 или 2026 година.

Тунелот ќе биде долг 1,7 километри и доволно голем за движење на товарни и други поголеми бродови. На конструкторите на тунелот на прво место им била сигурноста. Идејата била разгледувана во претходните стотина години, а со цел да се заобиколи изразито опасното подрачје изложено на силни ветрови и океански струи. Неповолните услови за пловидба на ова подрачје можат да траат и со денови. Дека изградбата на овој тунел има големо значење, се потврдува од примерот на една бродска компанија во која 20% од флотата доцни токму поради проблемите на наведеното подрачје.

Map Norway2

tunnel2

tunnel3

tunnel4

Испрати коментар

Scroll To Top