Насловна / Вести / Норвешка со намалени инвестиции во нафтената индустрија и во 2017

Норвешка со намалени инвестиции во нафтената индустрија и во 2017

Норвешка, според последните податоци, и во следната 2017 година, ќе ги намалува инвестициите во нафтената индустрија, што претставува трета година по ред. Причината била дека компаниите од оваа економска гранка се уште ги чувствуваат ефектите од ниските цени на „црното злато“.norwaypic

Според резултатите од анкетата спроведена меѓу нафтените компании, за наредната година се планирани вложувања од 153,2 милијарди норвешки круни, односно 16,5 милијарди евра, што е за 7,6 % помалку во однос на очекувањата за оваа година кои изнесуваа 165,9 милијарди норвешки круни.

Меѓутоа, најновите податоци покажуваат дека стапката на падот на вложувањата забавува, со оглед на тоа дека оваа година прогнозираниот пад изнесува 14,8%.

Од декември 2014 година, норвешката централна банка ја намали референтната каматна стапка четири пати, се со цел да го поттикне растот на националната економија која беше тешко погодена од падот на цената на нафтата.

Испрати коментар

Scroll To Top