Кон крајот на мај оваа година, норвешкиот парламент донесе одлука да го забрани сечењето на шумите. Норвежаните се обврзале да ја водат политиката на јавните набавки во оваа земја исклучиво преку мотото за поништување на норвешкото влијанија на дефорестацијата. Имено, било кој производ за чие производство треба да се сече шума, ќе биде забранет на територијата ан целата земја. Меѓу другото, граѓаните ќе останат без говедско, палмино масло, и производи од дрво од Аргентина, Боливија, Бразил, Парагвај, Индонезија, Малезија и Папуа Нова Гвинеја. Овие седум држави директно влијаеле на 40% од вкупното уништување на светските шумски капацитети од 2000 до 2011 година.
Предлогот за забрана за сечењето на дрвјата се појавил како дел од Акцискиот план за зачувување на биодиверзитетот.
Според Светскиот фонд за природата, 1,6 милиони луѓе се потпираат на шумите за обезбедување храна, свежа вода, облека, лекови и засолништа. Сепак, секоја минута исчезнуваат 48 фудбалски терени под дрвја.