Биле потребни осум години за да се заврши комплексот згради во Осло, чиј проект го потпишува германскиот архитект Klaus Schuwerk, а кој ги собира збирките на пет норвешки музеи за уметност и дизајн под ист покрив. Овој нов музеј вреден 607 милиони евра, ќе биде отворен за јавноста следниот викенд, и така ќе ја открие својата богата постојана поставка на уметнички дела заедно со некои од најголемите светски музеи.
На површина од 13.000 квадратни метри изложбен простор и 6.500 дела во музејската збирка, вклучувајќи го и „Вресок“ на Едвард Мунк, музејот ќе биде најголем во нордиските земји и во ист ранг на пример на „Гугенхајм“ во Билбао. Изградени од материјали кои ќе овозможат да траат со години, зградите на музејот се обложени со сино-сиви шкрилци, како и стакло и мермер. Проектиран да биде максимално енергетски ефикасен и со минимални емисии на стакленички гасови, музејот се грее и лади со вода од блискиот фјорд.