Норвешка одобри 17 милиони евра за финансирање на амбициозен проект за изградба на прв тунел во светот за бродови.
Државата се впушти во овој проект за да ја олесни пловидбата околу полуостровот Стад. Тунелот ќе биде висок 45 метри, широк 36 метри и долг 1,7 километри.
Тунелот ќе биде дизајниран за бродови кои носат до 16.000 тони и кои имаат долен дел до 12 метри.
Повеќе од 30 илјади луѓе го загубиле животот во тоа подрачје во Втората светска војна. Годишно областа ја погодуваат 100 денови бура, така што тунелот би требало да им овоможи на бродовите мирно да поминат под планината наместо да пловат по опасните морски води.
Идејата е стара еден век, а изградбата на единствениот тунел за бродови во светот би можела да трае и 10 години.