Основачот на Foster + Partners, Сер Норман Фостер, е познат по облакодери со екстремни височини и фантастични стадиони. Сепак, покажа дека сака да проектира и нешто далеку поскромно. Заедно со Holcim, компанија посветена на одржлива градба, проектирал мало бетонско засолниште кое може да обезбеди безбеден привремен дом за раселените луѓе.
Овој проект го нарекле Essential Homes Research. Засега е во фаза на прототип и е прикажан на овогодишното Биенале на архитектура во Венеција.
Засолништето однадвор е обложено со заоблен бетонски лим под кој е поставена изолација, додека ентериерот е од дрво. За основа е употребен рециклиран градежен материјал кој останал по уривањето на зградите.
Авторите замислиле поврзување на засолништето со други објекти преку бетонски патишта кои содржат луминисцентен агрегат, благодарение на кој дискретно светат ноќе. Во случај засолништето да не е повеќе потребно, може релативно лесно да се рециклира.
За да навлезе природна светлина внатре, на покривот има четири прозорци, а влезната врата е од стакло.
Површината на оваа симпатична градба е 27 метри квадратни во рамки на кои се сместени три кревети, ормари и полици, трпезариска маса и столици, кујна, како и бања. На кровот може да се додадат соларни панели за да се обезбеди електрична енергија.
Фостер наведува дека на овој начин и на најранливите групи од населението може да им се обезбедат пристојни услови за живот.