Насловна / Архитектура / Норман Фостер ќе гради нов стадион во Катар за ФИФА 2022

Норман Фостер ќе гради нов стадион во Катар за ФИФА 2022

Архитектонското студио Foster+Partners победи на конкурсот за најдобар проект за стадионот Lusail во Катар. Стадионот треба да се изгради специјално за фудбалското првенство кое ќе се одржи во Катар во 2022 година. Проектот е инвестиција од Qatari Diar и се планира да се изгради во западниот дел од Катар, 15 км северно од Доха. Инвестицијата е проценета на 45 милијарди долари.

норман-фостер-1

Архитектот Норман Фостер на овој проект ќе соработува со градежната фирма Arup и архитектот Populous којшто е познат по неговиот проект за стадионот за лондонските Олимписки игри во 2012 година. Деталите околу дизајнот не се целосно објавени, но најавено е дека тој ќе има отворен терен и ќе бидат додадени дополнителни системи за ладење кои ќе ја контролираат температурата до максимум 26 степени.

норман-фостер-2

Освен Lusail Stadium, за светското првенство во Катар е планирана изградба на уште пет стадиони, вклучувајќи проект на познатата Заха Хадид.

норман-фостер-3

Испрати коментар

Scroll To Top