Насловна / Архитектура / Норман Фостер ќе гради аеродром во Мексико вреден 9 милијарди долари

Норман Фостер ќе гради аеродром во Мексико вреден 9 милијарди долари

Meksiko nov aerodrom new-details-released-of-norman-foster-and-fernando-romero-s-designs-for-mexico-city-s-new-airport_foster5
Познатиот британски архитект Норман Фостер ќе гради во Мексико аеродром вреден 9,16 милијарди долари, пишува The Financial Times. Според зборовите на Фостер, комплексот ќе претставува „лебдечка, склуптурална и иновативна структура“.

Како што пренесува весникот, на конкурсот имало неколку учесници, но победил заедничкиот проект на Фостер со мексиканскиот архитект Фернандо Ромеро (маж на ќерката на милијардерот Карлос Слим).

uwleahuceubkcqal3nxf
Новиот меѓународен аеродром Мексико ќе се изгради во форма на буквата „х“, а при неговото дизајнирање се водеше сметка за симболите на државата и особеностите на древните мексикански цивилизации. Се планира да се изградат шест писти, а во текот на една година се планира да се опслужат 120 милиони патници.

„Тоа ќе биде симбол на ново Мексико“, изјави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието, претставувајќи го проектот. Не се соопштува кога ќе почне неговото градење.

Испрати коментар

Scroll To Top