Насловна / Вести / Нориљск, еден од најсеверните градови во светот и најзагадениот град во Русија

Нориљск, еден од најсеверните градови во светот и најзагадениот град во Русија

Сибирскиот град Нориљск се наоѓа 400 километри над Арктичкиот круг и е еден од најсеверните градови во светот. Има 177.000 жители и има уште еден неславен епитет – најзагаден град во Русија.

norilsk7

Градот е изолиран, забранет е за туристи, и изграден е врз рушевините на некогашните логори за присилна работа од времето на Сталин.

norilsk5

norilsk6

Климата во овој град е екстремна – просечните температури во јануари се -26 степени Целзиусови, а најниските температури одат и под -50 степени. Речиси три месеци годишно во градот нема дневна светлина. Во јуни и јули пак се т.н „бели ноќи“, а тајната за опстанокот на овој град лежи во богатството со метали. Станува збор за  едно од највредните наоѓалишта на светот, односно метални резерви од околу 2 милијарди тони. Градот е еден од најголемите производители на никел и најголем извор на паладиум во светот, а има и значителни количини на јаглен. Некогаш рудниците биле под контрола на државната компанија која е приватизирана во 1993 година и оттогаш го носи името Nornickel. Рудниците вработуваат околу 80.000 луѓе, а со цел да се привлечат луѓето да живеат во ова изолирано место, им се нудат релативно повисоки плати.

norilsk4

norilsk1

За жал рударството создало ноќна мора за животната средина во ова место. Нориљск е константно прв на листата најзагадени градови во Русија, посебно поради високата концентрација на сулфурен диоксид. Според овој параметар, тој е на прво место по загаденост и во светски рамки. Поради тоа, уништени се огромни шумски површини. Смртноста предизвикана од респираторни заболувања е повисока отколку во цела Русија заедно.  Дополнителна причина за вознемиреност е топењето на пермафростот врз кој е изграден градот, поради порастот на глобалните температури.

norilsk3

Испрати коментар

Scroll To Top