Насловна / Вести / Нонг Ног – ботаничка градина со совршен спој на различни убавини

Нонг Ног – ботаничка градина со совршен спој на различни убавини

11

Нонг Ног претставува ботаничка градина, а воедно и туристичка атракција во Тајланд, која никого не остава рамнодушен и дава чувство како да се наоѓате во рајот. Оваа ботаничка градина се простира на површина од два километри квадратнии претставува неизбежна дестинација во сите туристички понуди при посета на тој дел од светот.

6Приказната за паркот започнува во 1954 година, кога тајландското имотно семејство Тансака доаѓа на идеја да отвори голема овошна плантажа. На нивната плантажа успешно се одгледувале овошни и зеленчукови растенија, а се создавал и посадочен материјал, пред сè поради одличните услови што ги нуди тропската клима.

При едно патување во Европа, во целост се променила идеајта и концептот за нивниот семеен бизнис. Фасцинирани од ботаничките градини и пространите паркови на стариот континент, тие решаваат да направат нешто посебно, нешто сосема ново во својот крај. За таа цел најмуваат светски прочуени ботаничари, пејзажни архитекти и градинари, по што во 1980 година градината е и официјално пуштена во употреба.3

Со оглед на тоа што при планирањето на паркот Нонг Ног се ангажирани повеќе пејзажни дизајнери од различни краеви, секој има оставено сопствен печат соодветен на сопствената култура на уредување, па затоа и овој парк се состои од неколку тематски градини, кои се совршено споени во една неразделна целина. Најголем печат има оставено француската градина, со своите топијарени симетрични форми, како и тајландската архитектура.4

Како единствена забелешка која може да се даде на оваа градина,  е тоа што во тој спектар од бои и форми е изработена и реплика на англиската гордост „Stonehenge“, која за многу посетители претставува посебно воодушевување, но непроценливата вредност и мистеријата што стои зад ова издание, во суштина наложува на кич.Nong_Noogh_Garden(1)

Најпопуларен дел во оваа градина е градината на орхидеите. Таа се наоѓа на површина од околу 5% од вкупната површина. Тука се собрани голем број разни видови на орхидеи, некои од нив дури и многу ретки. Покрај одгледувањето, во оваа градина се занимаваат и со собирање и селекција на семе од орхидеи и генетски инженеринг, со цел да создадат типови на орхидеи кои не може да се сретнат во природата.

17220263

Друга уникатна збирка во Нонг Ног е уникатната колекција од палми која се состои од повеќе од 2.800 видови. Како и кај орхидеите, така и кај палмите посебно внимание се обрнува на производството на ретки и видови пред исчезнување, што во суштина претставува и цел за повеќето растителни видови кои се одгледуваат во паркот, односно со разможувањето на овие видови да се даде шанса повторно да се вратат во своите ареали, каде што се пред исчезнување. Како посебна атракција во паркот претставуваат и џуџестите палми, кои растат до 30 см во височина, а се многу популарни во Јапонија.7 2 1

Испрати коментар

Scroll To Top