Организацијата ICF (Intelligent Community Forum) на 10. февруари ги најави Топ7 интелигентните градови во 2016 . Се работи за 14-та по ред годишна номинација на градови кои применуваат нови технологии во јавните сервиси и кои се посветени на одржливиот развој и запштита на животната средина. Оваа година меѓу номинираните се најдоа три градови од Канада, два од Тајван, и по еден од Германија и Нов Зеланд. Интересно е да се спомене дека Германија и Нов Зеланд за првпат со свои градови се номинирани за титулата “најпаметен град“. Се работи за следните градови, по азбучен ред:
Hsinchu County, Taiwan
Затоа што иновацијата е дел од секојдневниот живот во овој град. Во 1980 создаден е првиот научно технолошки парк кој вработува 150.000 луѓе и му носи приход на градот од 16 милијарди долари годишно.
Montreal, Quebec, Canada
Најголемиот град во Канада во кој с езборува француски направи неверојатна транзиција со која се ослободи од тешката индустија и ја трасираше економијата на чисти технологии, аеронаутика, ICT, здравствои здравствен туризам и сл.
Muelheim an der Ruhr, Germany
Градот е посветен кон двојно намалување на штетните емисии во воздухот на половина до 2030, како и кон имплементација на нови одржливи урбанистички концепти.
New Taipei City, Taiwan
Извонредна сообраќајна и информатичка инфраструктура која сериозно го подобрува квалитетот на живот на граѓаните.
Surrey, British Columbia, Canada
Еден од најбрзорастечките градови во Канада, во кој секој месец се доселуваат околу 1000 нови жители. Но, наспроти овој тренд, со своите одржливи развојни политики успева да изведе успешна транзиција.
Whanganui, New Zealand
Веќе осма година овој град ја спроведува својата ” Family-Friendly Strategy”, насочена кон зајакнување на здравствената грижа, бездедноста, животната средина и квалитетот на живот.
Winnipeg, Manitoba, Canada
Област богата со земјоделски и природни ресурси. Воспоставени се синџири за снабдување преку кои се создаваат композитни материјали за високата технологија базирани на материјали од земјоделството.