Насловна / Арт и дизајн / „Ноќниот цвет“ награден со европска награда за дизајн (видео)

„Ноќниот цвет“ награден со европска награда за дизајн (видео)

На извонредната колекција на светилки Nightbloom, дизајнирана од холандскиот дизајнер Marcel Wanders, еден од најистакнатите ентериеристи во Европа, доелена и е престижна награда.

1
Проектот кој го реализирале Marcel Wanders и шпанската компанија Lladró награден е со Платинеста награда на овогодинешното издание на „European Product Design Awards” во категорија производи за ентериер и расвета.

2
Ова значајно европско натпреварување се одржува секоја година и ги препознава најдобрите проекти во сферата на дизајнот на производи во повеќе категории.

4
„Nightbloom” (Ноќен цвет) е името на најновата колекција на светлечки тела која опфаќа лустери, подна, столна и ѕидна светилка. Деликатните светилки се изработени од бел порцелан, а нивниот заводлив дизајн си поигрува со светлината и сенките и внесува убавина во секоја просторија.

3
Овој проект ја поттикнува уметноста на занаетчиството, кое се фокусира на квалитетот и посветеноста на деталите.
Колекцијата „Nightbloom” е инспирирана од цвеќиња и од начинот на кој нивните нежни ливчиња се наведнуваат на ветрот. Секој 3Д сегмент на „Ноќниот цвет“ е рачно изработен и не се повторува во рамки на една светилка. На тој начин се се имитира убавината на природата, во која сè е уникатно.

Испрати коментар

Scroll To Top