Штип – Странските инвеститори се заинтересирани за изградба на фабрики во новата Техничко-технолошка индустриска зона, која се наоѓа во близина на штипската приградска населба „Три чешми“.
Градоначалникот на општина Штип,Зоран Алексов вели дека интерес кај странските фирми има и во тек се преговории контакти за запознавање со условите, кои ги нуди Техничко-технолошкатаиндустрска зона.
– Во тек се контакти и преговори,но во моментов неможам да ги соопштам инвеститорите се додека не се потипишатдоговорите помеѓу локалната или централната власт со инвеститорите, вели Алексов.
Тој потенцира дека позавршувањето на годишните одмори веќе на есен или до крајот на годината ќе сезнаат фирмите кои ќе градат фабрики во новата Техничко-технолошка индустрисказона, а чие инфраструктурно уредување го финансира Владата. (МИА)