Нобеловата награда за физика оваа година оди во рацетe на Јапонците Исаму Акасаки, Хироши Амано и Шуји Накамура. Тие ја добиваат наградата за развојот на диоди кои емитираат сино светло и кои овозможуваат извор на светлина кој штеди енергија. Ова го соопшти Кралската шведска академија за науките во Стокхолм.
Акасаки истражува на Меиџо-универзитетот во Јапонија, неговиот колега Амано истражува на Универзитетот од Нагоја. Во Јапонија родениот американски државјанин Накамура, пак, истражува на Универзитетот Калифорнија во Санта Барбара.
Откритието е старо 20 години. Меѓутоа, работата на тројцата научници овозоможи белата светлина да се користи на сосема нов начин, соопшти академијата. Бидејќи во целиот свет една четвртина од електричната енергија се користи за осветлување, ЛЕД светилките што штедат енергија придонесуваат за значително штедење на ресурсите.