Шведската кралска академија на науките соопшти дека оваа година тројца научници се добитници на Нобеловата награда за хемија, затоа што „со својата работа ги поставиле темелите на општество без фосилни горива“. „Литиум- јонските батерии направија револуција во нашите животи, почнувајќи од мобилните телефони, лап топ компјутерите, па се до електричните автомобили“, се вели понатаму во соопштението.Обраќајќи се пред присутните, највозрасниот од тројцата добитници, професорот Гудинаф (91), рекол дека никогаш не лобирал, но се радува на наградата и среќен е што успеал да ја стигне.“
Основата за настанувањето на литиум-јонската батерија е поставена во текот на нафтената криза во седумдесеттите години од минатиот век. Стенли Витингем (77), од Велика Британија работел на развој на енергетски технологии кои не се потпираат на фосилните горива. По потрагата за совршен материјал, во 1979 година тој ја развил литиум кобалт диоксидната (LiCoO2) катода, а во наредните години и цела низа слични оксидни материјали кои овозможиле подигање на напонот на литиумската батерија на 4 волти. Со оваа катода како база, Јошино (71), кој предава на Универзитетот Меијо и работи за корпорацијата „Асахи-Касеи“, во 1985 година успеал да ја направи првата комерцијално одржлива литиум-јонска батерија. Неколку години подоцна, поточно во 1991 „Сони“ ја исфрла на пазарот првата литиум-јонска батерија, базирана токму на конфигурацијата на Јошино. Истото решение и дене е во основа на најголемиот дел литиум-јонски батерии.