Директивата IED 2.0, ги покрива емисиите од индустриското производство и одгледувањето на животни, и за прв пат на ниво на ЕУ, има дава за право на граѓаните да бараат надомест на штетата по нивното здравје предизвикана од противзаконското загадување. IED 2.0 се применува на објектите и системите кои испуштаат највеќе загадувачки материи. Тоа се 37.000 индустриски погони и 38.500 фарми за интензивно одгледување на свињи и живина.
Сепак, новите прописи ќе се воведуваат постепено, се до 2030 година. Фармите ќе бидат вклучени во таа регулатива дури во периодот 2030 – 2032 година, во зависност од нивната големина. Што с еоднесува до правото за надомест за штетата по здравјето на граѓаните, станува збор за прв таков закон на ниво на ЕУ. Новите правила носат и поголемо учество на јавноста во постапките за идавање на дозволи и подобрување на пристапот до информации.