Насловна / Архитектура / Њујорк: Заврши изградбата на најтенкиот облакодер во светот

Њујорк: Заврши изградбата на најтенкиот облакодер во светот

Завршена е изградбата на највисокиот облакодер во светот 111 West 57th, исто така позната под името Steinway Tower. Станува збор за втор највисок облакодер на западната хемисфера со височина од 435 метри, после Central Park Tower со 472 метри. Облакодерите со височина над 300 метри се дефинирани како „супервисоки облакодери“.

oblakoder1

Steinway Tower, е инспириран од „златното време на облакодерите на Менхетн“. Проектот е дело на компанијата SHoP Architects. Првично најавен во 2013 година,  облакодерот е изграден од страна на JDS Development, Property Markets Group, и Spruce Capital Partners. Изградбата започнала во 2014 година.

oblakoder2

Изградбата на овој објект чиј однос височина/широчина е 24:1, донела огромни предизвици во однос на карактеристиките на бетонот и сл. Цените на становите се исто така несекојдневни, како впрочен и самата зграда. Тие се движат во опсегот од 7,75 милиони американски долари за студио до 66 милиони долари за пентхаус.

Испрати коментар

Scroll To Top