Изградбата на овој зелен остров од 2,7 хектари во срцето на Њујорк, на кој покрај зелените површини треба да бидат изградени и три сали и амфитеатар со 800 седишта, ќе чини 170 милиони долари, а голем дел од проектот ќе биде финансиран од страна на американскиот милијардер Бери Дилер, поранешниот сопственик на филмското студио „Парамаунт“.
Футуристички, овој лебдечки парк Pier 55, кој е замислен и дизајниран од архитектот Томас Хетервик, ќе почне да се гради во 2016 година на брегот на реката Хадсон, во Менхетен.
Како што е соопштено од страна на американските медиуми, њујорчани ќе бидат во можност да уживаат во него за четири години.