Се работи за здание кое не може да се категоризира ниту само како зграда, ниту само како скулптура. Не е ниту само уметничко дело, но сепак ги обединува сите споменати работи. Тоа е единствен проект и вистинско футуристичко дело. Изработено е од страна на британскиот архитект и дизајнер Thomas Heatherwick, и наречено е Vessel. Зданието е високо 45 метри, и лоцирано е во луксузниот њујоршки кварт Hudson Yards на западната страна на Менхетн.