Во почетокот на 2016 година, во Њујорк станбениот комплекс на мини станови кој го потпишува архитектонското студио nARCHITECTS конечно ќе го види светлото на денот. Иако проектот сеуште не е завршен, становите се веќе пласирани на пазарот. Така, зградата ќе содржи 55 микро станови коишто ќе бидат опремени со сите основни елементи кои овозможуваат лесен и удобен живот.
Големината на становите ќе варира од 23 до 35 метри квадратни, а самата градба на идните станари ќе им понуди услуги, како што се чистење станови, купување, перална и фитнес центар. Дополнителните погодности вклучуваат „виртуелен чувар“, мал балкон, пристап до lounge просториите и голема заедничка отворена тераса и простор за велосипеди.