Насловна / Архитектура / Њујорк ќе го отвори музејот во спомен на 11 септември вреден 700 милиони долари

Њујорк ќе го отвори музејот во спомен на 11 септември вреден 700 милиони долари

nacionalen muzej njujork_8

Музејот во спомен на 11 септември 2001 година, ќе биде отворен со свечена церемонија на која ќе присуствува и претседателот на САД Барак Обама. Официјално, музејот за јавноста и посетителите ќе биде отворен на 21 мај.

Челично-стаклениот музеј, кој се наѓа веднаш до новоизградената „Кула на слободата“ (Freedom tower), на локацијата “Ground zero” на Менхетен каде во 2001 година беа срушени двете кули близначки, содржи многу артефакти. Како дел од музејот се над 10.000 предмети, 23.000 фотографии, 1.900 часови усна историја и 500 часови видео материјали и филмови.

Исто така, ќе бидат изложени над 3.000 фотографии од луѓето што загинаа во нападите, вклучително и последни пораки, картички, телефонски снимки и друго, а кои припаѓале на жртвите. Сепак, изградбата на музејот одзеде многу време заради проблемите што се појавија, а уште поважно е што музејот и денес пред отворањето е соочен со многу несигурности, пред сè финансиски.

nacionalen muzej njujork_1

Имено, за изградбата на музејот беа потрошени 700 милиони долари, а за негово одржување ќе бидат потребни 60 милиони долари годишно, што е за 15 пати повеќе од сумата потребна за одржување на гробиштата на воените великани во Арлингтон. Само обезбедувањето на музејот чини 10 милиони долари годишно. Затоа и се сметаат за оправдани реакциите за големата сума на влезниот билет, кој чини рекордни 24 долари !

nacionalen muzej njujork_3

 

Испрати коментар

Scroll To Top