Познатиот замок во Централ Парк во Њујорк наесен ќе биде реставриран, а вредноста на работите ќе биде шест милиони долари.
Замокот Белведере, главната атракција на Паркот од 19 век, ќе биде исчистен и „закрпен“, бидејќи протекува од сите страни.
Конзерваторите изјавиле дека ќе биде поставен нов систем за одводнување и подмладен оригиналниот дизајн на дрвјата во павилјоните на замокот.
Главниот пејзажен архитект Кристофер Нолан изјавил дека замокот бил реставриран во 1983 година и тоа било во контекст на голем проект за обновување на паркот.
Официјални лица изјавијале дека тие планираат да се дополни и со нова опрема игралиштето „Били Џонсон“ на источната страна на паркот.