Насловна / Вести / Њујорк ги тужи Hyundai и Kia, поради грешка која довела до серија кражби

Њујорк ги тужи Hyundai и Kia, поради грешка која довела до серија кражби

Градот Њујорк поднел тужба против Hyundai и Kia, придружувајќи се на низата други градови во кои се случува серија кражби ан автомобили предизвикани од објави на социјалните мрежи за грешка поради која некои модели се лесно подложни на кражба. Имено, некои видео снимки со упатства на TikTok и други мрежи, експлицитно го покажуваат тоа, со користење на скромна опрема. Причината за оваа состојба се лоцира во фактот што некои модели на овие автомобисли брендови продадени во САД, стигнале без immobiliser на моторот, што е стандардна карактеристика на поголемиот дел на автомобили од 1990-тите, а која спречува стартување на моторот без соодветен клуч.

kiahyuindai1

Во тужбата, која е поднесена до Окружнот суд на САД во Њујорк, се наведува дека Hyundai Motor America и Kia America не успеале да одржат чекор со другите производители на автомобили, бидејќи нивните деловни одлуки во насока на намалување на трошоците и зголемување на профитот, довеле до серија кражби. Понатаму, од админситрацијата на градот велат дека овие кражби се дополнително оптоварување за тамошната полициска управа, како и дека негаивно влијаат врз јавната безбедност и работата на итните служби.

kiahyuindai2

Полициската управа на Њујорк известува дека минатата година биле украдени 287 Kia автомобили, во споредба со 119 во 2021 година, додека 415 Hyundai автомобили биле украдени во 2022 година, наспроти 232 во 2021 година.  Така Њујорк се придружил на листата на градови кои ги тужат производителите на автомобили како Балтимор, Синсинати, Кливленд, Милвоки, Сан Диего и Сиетл. Градовите бараат да се отстрани грешката, но и компензација за економските загуби претрпени како резултат на тоа.

Испрати коментар

Scroll To Top