Насловна / Архитектура / Њујорк докажа дека и во пирамида може да се живее

Њујорк докажа дека и во пирамида може да се живее

VIA 57 West е официјално име на станбена зграда која веќе една година успешно стои на западниот дел на Менхетен во Њујорк. Дизајнирана е од данската гардежна фирма „Бјарке Ингелс груп“ и неофицијално е позната под името „Пирамидата“. Овој објект е со височина од 142 метри и има 35 катови. Се наоѓа на западната страна на Менхетен, каде еден дел од нејзините страни претставува и влез кон долен Менхетен по 57. улица.njujork_06

Данското дизајнерско студио ги започнало преговорите за конструкција на „Пирамидата“ со њујоршкиот магнат Даглас Дарст уште во 2000-та, кога тој со сопругата бил гостин во Данска. По десет години се вратил и ги посетил канцелариите на групацијата, по што и официјално почнала соработката. Како што кажал и самиот, тој е голем поддржувач на слободниот ум, на невообичаеното заради што без двоумење одлучил да му довери важен градежен проект на ова студио.njujork_10

Пролетта 2010 година, објавен е повик за дизајнерски изглед на новиот резиденцијален објект кој ќе го гради Дарст, а веќе во 2011-та данското студио отворило канцеларија во Њујорк од каде директно ќе ги надгледува работите за изградба на VIA 57 West или „Пирамидата“ која била победник на конкурсот. За три години веќе имале 50 вработени, а во 2015-та над 150 работници работеле на реализација на овој проект.njujork_05

Денес Њујорк е меѓу ретките градови во светот кој може да се пофали со триаголна, пирамидална зграда како што тоа е случај со Лас Вегас. Објектот е фантастичен и има навалена фасада од северната страна, што ја прави посебно убава и несекојдневна. Самите автори зградата ја опишуваат како хибрид на европскиот периметарски блок и традиционалните облакодери на Менхетен. Со аголните тераси кои се втемелени во интегрираниот зелен плоштад, блокот се поврзува со пристанишниот дел и паркот крај реката Хадсон. Иако едната страна е искршена, сите станари имаат одличен поглед, а вревата е минимизирана.njujork_01

Зградата има основа на пирамидата со корисен простор од 77.000 м2, а другиот дел во зависност од катот е концентриран на станови, додека кафулињата, рестораните и деловниот простор се во основата. Најгорниот дел, 35. кат или врвот на пирамидата, има корисна површина од 108 м2. Северната фасада вклучува поголем број тераси кои се под агол од 45 степени кои ова данско студио ги има градено и инкорпорирано во многу други нивни објекти.njujork_02

Објектот има 11 лифтови и 285 паркинг позиции. Официјално е пуштен во функција на крајот на минатата година, а неговата убавина доаѓа до израз со комплетирањето на надворешниот слој од фасадата со бела боја, која прави уникатен објект на брегот на реката Хадсон. Инаку, во 2016 година ја доби американската награда за најубава висока зграда.njujork_07 njujork_08 njujork_11 njujork_12 njujork_09

Карактеристики

Алтернативни имиња: Пирамида, Тетрахедрон

Почеток на градбата: 2013 год.

Статус: Завршена во 2016 год.

Тип: Доминантно станбен простор

Стил: Модерен

Град: Њујорк, САД

Височина: 467 стапки (142 метри)

Врв: 355 стапки (108 м/2)

Материјал: Бетон

Број на катови: 35

Паркинг: 285 места

Основа: 830,995 sq ft (77,200 m/2)

Лифтови: 11

Дизјан и конструкција: Bjarke Ingels Group (BIG)

Инвеститор: The Durst Organization

Инжинер: Thornton Tomasetti

Награди и признанија: 2016 CTBUH Tall Building Awards: Најубава висока зграда за 2016

Испрати коментар

Scroll To Top