Најголемата манастирска библиотека во светот Admont Abbey се наоѓа во бенедиктинскиот манастир во австрискиот град Адмонт на реката Енс. Познат по својата барокна архитектура, уметност и ракописи, манастирот датира од 1074 година, додека библиотеката била завршена во 1776 година. Нарачател на објектот бил свештеникот Matthäus Offner, а бил изграден од страна на Josef Hueber од Грац.
Со повеќе од 200.000 книги, библиотеката е поделена на три дела во вкупна должина од 230 метри. Куполата и сводовите се украсени со фрески од Bartolomeo Altomonte, завршени пред отворањето на библиотеката во 1776 година. Во централната купола се наоѓа сцената Откорвение. Фасцинантни се скулптурите и декорацијата од малтер, што целиот простор го чинат подеднаков. Сите љубители на уметноста и културата имаат можност да ги истражуваат културните вредности, заедно сосе 1400-те ракописи и 530-те инкунабули.