Насловна / Вести / Низ југоисточна Европа ќе минуваат некои од главните коридори за водород

Низ југоисточна Европа ќе минуваат некои од главните коридори за водород

Сите шест коридори за снабдување со водород кои ги презентираше Европскиот сојуз за чист водород директно или индиректно се поврзани со Германија. Една од трасите минува низ југоисточна Европа, а Словенија и Хрватска би можеле да имаат корист од уште два коридори. Планот REPowerEU на Европската комисија за гасење на потрошувачката на фосилни горива од Русија, има поглавје посветено на неопходното забрзување на развојот на инфраструктурата за водород . Целта е најдоцна до 2030 капацитетот за производство, увоз и пренос да се зголеми на 20 милиони тони годишно. 

водород1

Во својата најнова студија, Европскиот сојуз за чист водород (ECHA) анализира шест предвидени коридори кои се составени од цевководи, производни и складишни капацитети, пристанишни терминали и траси за транспорт. Сите шест рути за снабдување би биле поврзани со Германија, директно или индиректно.

водород2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top