Обилните дождови во текот на неколку недели доведоа до раст на Сена и на притоките, што доведе до затворање на патиштата, поплавени шеталишта и патишта по должината на брегот и сопрени туристички бродови во главниот град.
Националната агенција за следење на поплавите објави дека нивото на водата утринава достигнало 5,84 метри, што е четири метри над нормалата. Сена го постави рекордот од 8,62 метри во 1910 година.
Водата почна да опаѓа, но тоа ќе биде многу бавно и се очекува нивото на водата да почне да опаѓа од денес, но сепак со недели ќе биде на високо ниво.
Поради поплавите евакуирани се над 1500 луѓе, а под вода се голем број на домови и куќи.
До 5 февруари затворени се седум линии на метрото и трамваи. Исто така, затворени за сообраќај се и неколку улици кои поминуваат покрај Сена.
Долниот кат на музејот Лувр е затворен од минатата недела.
Други градови по должината на надојдената Сена поминаа многу полошо од Париз. Штета има дури во 242 села долж реката и нејзините притоки и поплавата сега им се заканува на градовите низводно, западно од Париз, кон Нормандија и Ламанш.
Париз е подобро подготвен за поплави отколку кога во 2016 година кога го поплави Сена која достина ниво од 6,1 метри.